Пролетен гороцвет
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Пролетниот гороцвет (науч. Adonis vernalis) — повеќегодишно цветно растение од семејството лутичиња (Ranunculaceae) што вирее на суви ливади и степи во Евроазија. Се среќава и во помали изолирани подрачја во Шпанија на запад до средна и јужна Европа и до Шведска на север. Главните области на распространетост се Панонската Низина и Западносибирската Низина.[1]
За разлика од највеќето други европски видови на гороцвет, цветовите на ова растение се појавуваат на пролет, имаат пречник од 80 мм и по 20 светложолти ливчиња.
Растението е отровно бидејќи содржи соединенија погубни за срцето како адонидин и аконитна киселина,[2] но се употребува како украсно растение.[3]
Remove ads
Во Македонија
Во Република Македонија растението е присутно само во околината на Куманово.[4]

Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads