EC-број (хемија)

назнака за хемиски супстанции по ЕУ From Wikipedia, the free encyclopedia

EC-број (хемија)
Remove ads

Број на Европската Заедница (EC-број) — единствен седумцифрен број за распознавање на супстанциите со цел државна регулација во рамките на Европската Унија според пропишаното од Европската комисија. EC-инвентарот се состои од три поединечни инвентара: EINECS, ELINCS и NLP.[1]

Thumb
Европскиот инвентар на постоечки хемиски супстанции во стопанството (EINECS)

Структура

EC-бројот може да се запише воопштено како: NNN-NNN-R,[2] каде R е конролна цифра, а N е цел број. Контролната цифра се пресметува по методот на ISBN, т.е. следново збирно модуло 11:

Ако остатокот R е еднаков на 10, тогаш комбинацијата од цифри не се користи за EC-број. За пример, EC-бројот на дексаметазонот е 200-003-9. N1 е 2, N2 преку N5 се 0, а N6 е 3.

Остатокот е 9, што е контролната цифра.

Има 181 ELINCS-броеви (EC-броеви што почнуваат со 4) за кои контролниот збир според прикажаниот алгоритам изнесува 10, а бројот не е прескокнат туку издаден со контролен збир 1.

Remove ads

EC-инвентар

EC-инвентарот ги опфаќа супстанциите во следниве инвентари. Содржината на овие инвентари е непронелива и официјална.

Повеќе информации Инвентар, Опфат ...
Remove ads

List numbers

Европската хемиска агенција (ECHA) го применува форматот на EC-броевите врз т.е. „Списочен број“.[6] Бројот се доделува согласно регулативата REACH без правно признание. Затоа, тие броеви не се официјални, бидејќи не се објавени во Службениот весник на Европската Унија. Списочните броеви се административни алатки и не треба да се користат за службени цели.

Повеќе информации Опфат, Формат ...

Поврзано

  • Европска хемиска агенција
  • CAS-број

Наводи

Loading content...

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads