ISO 3166-1 алфа-2

From Wikipedia, the free encyclopedia

ISO 3166-1 алфа-2
Remove ads

ISO 3166-1 алфа-2 — збир двебуквени државни кодови утврдени со ISO 3166-1 (дел од стандардот ISO 3166) на Меѓународната организација за стандардизација (ISO). Наменети се за претставување на земји, зависни територии и посебни подрачја од географски интерес. Претставуваат најзастапените кодови на ISO (другите се алфа-3 и бројчените) и најчесто се среќаваат како највисоки државни домени на семрежјето (со мали исклучоци).[1] Воведени се во 1974 г., во првото издание на стандардот ISO 3166.

Thumb
Кодови на земјите во Европа според ISO 3166-1 алфа-2
Remove ads

Примена

Кодовите на ISO 3166-1 алфа-2 се користат по различни пригоди или како дел од други стандарди. Во некои случаи овие кодови не се применуваат во целост.

Целосна примена

Кодовите на ISO 3166-1 алфа-2 целосно се применуваат во следниве стандарди:

Повеќе информации Назнака, Назив на стандардот ...

Нецелосна примена

Почнувајќи од 1985 г. ISO 3166-1 алфа-2 се применува во доменскиот именски систем (DNS) како највисоки државни домени (ccTLD). Речиси сите кодови доделени од IANA го следат овој стандард, но постојат неколку исклучоци.[9] На пример, Обединетото Кралство, чиј алфа-2 код гласи GB, користи .uk наместо .gb, бидејќи UK посебна резервација по барање на Обединетото Кралство. Вакви исклучоци прават и други меѓународни организации како Светската организација за интелектуална сопственост (WIPO), Европската комисија, па дури и самата ООН во случаи како меѓународните автоознаки.

Remove ads

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads