Богомолки

From Wikipedia, the free encyclopedia

Богомолки
Remove ads

Богомолките (научно: ред Mantodea) се група на инсекти која брои околу 2200 видови, распоредени во 400 родови и 9 фамилии.[1] Најбројна и најраспространета фамилија на богомолки е Mantidae. Најсродни редови на инсекти им се термитите (Isoptera) и лебарките (Blattodea), со кои заедно го образуваат монофилетскиот надред Dictyoptera.

Кратки факти Богомолки Период: Креда – денес, Научна класификација ...

Богомолките имаат карактеристична форма на предните нозе, кои при чекањето на пленот ги држат во слична положба како рацете на човекот при молитва. Оваа одлика им го дала и името. Освен тоа, бојата и обликот на телото се вешто камуфлирани, што е уште една одлика која им овозможила да бидат успешни грабливци (грабливци).

Remove ads

Одлики

Thumb
Карактеристичната молечка положба на Tenodera aridifolia.
Thumb
Богомолка снимена во околината на с. Мажучиште, Прилеп.

Богомолките имаат должина на телото обично меѓу 40 и 80 mm. Женките се поголеми од мажјаците. Најмали се видовите од фамилијата Mantidae во Јужна Америка, чиј најмал вид Mantoidea tenuis е долг околу 12 mm. Најголеми се видовите од родовите Toxodera и Ischnomantis кои можат да достигнат 160 mm.

По изглед тоа се мошне необични инсекти, големи и најчесто зелено обоени, со предните нозе собрани како за молитва. И покрај нивниот мирољубив став, богомолките се немилосрдни грабливци кои се исхрануваат со инсекти, други без‘рбетници, а исто така и заемно се јадат. Ловат исклучиво користејќи го сетилото за вид, па затоа се активни само во текот на денот. Нивните крупни и испапчени очи на страните од главата овозможуваат двоок вид (бинокуларен вид) што им дава точно да го проценат растојанието. Кога се насочуваат кон пленот, благо се занишуваат напред и назад како цвет или лист на ветер и ја вртат главата (имаат подвижен врат) кон потенцијалната храна. Изненадно преминуваат во напад, силно фаќајќи ја жртвата со српесто свиените предни нозе наоружани со назабени рабови.

За да се скријат од птици и гуштери, богомолките одлично се камуфлираат во вид на ливчиња и гранчиња. Повеќето од нив живеат во тропските предели, но може да се најдат и во други делови од светот.

Богомолките имаат чуден процес на парење при која женката го изедува помалиот мажјак (сексуален канибализам). Всушност, женката мора да ја изеде главата на мажјакот за да тој ги направи правилните чекори при парењето. Јајцата на богомолките се полагаат во збиена маса и се препокриваат со пенлив материјал.

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads