Of Mice and Men
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Of Mice and Men е вториот сингл на Мегадет од нивниот десетти студиски албум The System Has Failed.[1] Песната била издадена во дигитален формат кон крајот на 2004 г. Текстот и музиката се во комплетно авторство на Дејв Мастејн, кој за песната изјавил дека е негова автобиографска.[2]
Remove ads
Заднина
Песната била напишана во 2003 г. додека Мастејн се опоравувал од тешката повреда на раката. Имал намера да издаде соло албум, но поради неподмирените обврски кон тогашната негова издавачка куќа, се решил да објави студиски проект под името Мегадет.[3] За време на студиските снимања имал намера да ја обнови поставата на бендот од ерата на Rust in Peace, па така имал неколку телефонски разговори со дел од поранешните членови. Тогаш повторно искрснале старите меѓусебни недоразбирања, па така Мастејн заработил и судска тужба од страна на Дејвид Елефсон поради неправично користење на името Мегадет.
Марти Фридмен имал успешна музичка кариера во Јапонија, па не му се исплатело да се враќа во САД само за неколку студиски снимања.[4] Единствено Ник Менза прифатил да се врати во групата, додека Колајута и Слоас биле најмени само за потребите на албумот. Сесиите со Крис Поланд биле додатно направени.
Remove ads
Видео запис
За разлика од спотот за песната „Die Dead Enough“, овој пат Мегадет се појавиле со оформена постава. На овој запис, бендот настапува во замрачени простории полни со метал обожаватели, што на некој начин го отсликува мрачното расположение на песната. Повремено се појавуваат кадри од животот на Мастејн, и тоа од различни периоди на неговата младост. Во нив зборува за неговите почетоци во хеви метал музиката и за сите непријатни искушенија кои ги доживеал низ годините.
Remove ads
Список на песни
- „Of Mice and Men“ – 4:05
Музички персонал
- Дејв Мастејн - вокал, водечка гитара и солажи
Музичари за време на студиските сесии
Музичари од видео записот
Пласман на табелите
Наводи
Надворешни врски
Поврзано
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads