Правокрилци
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Правокрилците (научно: ред Orthoptera) се група на инсекти кои подлежат на нецелосна метаморфоза во нивниот развиток. Овој ред е поделен на два подреда, и тоа:
- Ensifera, каде припаѓаат штурците и зелените скакулци (со разни видови) и
- Caelifera, каде припаѓаат обичните скакулци.
Многу инсекти од овој ред произведуваат звук (процес познат како ,,стридулација‘‘) со меѓусебно триење на нивните крила или нозе, при што и на двете се наоѓаат брановидни испапчувања. Тимпанумот (тапанчето) или увото се наоѓа на предната тибија кај штурците, и на првиот абдоменален сегмент кај скакулците. Овие организми користат вибрации за да ги лоцираат другите единки.
Претставниците од овој ред можат да ги свиваат своите крила, што ги прави дел од групата Neoptera.
Remove ads
Општи одлики
Правокрилците ги поседуваат најкарактеристичните одлики на инсектите. Тие имаат кутикула изградена од хитин, поседуваат шест нозе, а телото се состои од три дела (глава, торакс и абдомен) и градбата на дигестивниот, нервниот, репродуктивниот и респираторниот систем е иста како кај другите инсекти.
Класификацијата на оваа група на инсекти како посебен ред се врши врз основа на следните одлики:
- Поседуваат два пара на крила. Обично тие се добро развиени. Предните крила се долги и тесни со пергаментен изглед. Се нарекуваат и псевдоелитри.
![]() | Оваа статија поврзана со инсекти е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
Remove ads
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads