Ostani (песна на Јелена Розга)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
„Ostani“ (македонски: Остани) е песна од хрватската поп пејачка Јелена Розга. Песната е издадена во 2018 година. Песната е напишана и продуцирана од српско-турската естрадна уметничка Емина Јаховиќ. Аранжманот на песната е завршен од Дарко Димитров. Песната е промовирана по пат на музичко видео кое е режирано од Дарио Радусин и издадено преку Јутјуб на 2 октомври 2018 година. Според текстот, во песната се работи за женскиот протагонист којшто повикува маж да остане и да ја помине вечерта со неа и покрај тоа што не се заедно.
Песната и музичкото видео го привлекле вниманието на медиумите поради промената во имиџот и звукот на пејачката.[1] По првите 24 часа од издавањето, песната добива 350,000 прегледи, што е второто најгледано музичко видео на пејачката во првиот ден после „Tsunami“ коешто има 400,000 прегледи во ден.
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads