Полско лутиче
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Полското лутиче (науч. Ranunculus acris) — еден од почестите видови на лутиче ширум Европа и умерените предели на Евроазија. Ова е влакнесто растение со извишени витки стебленца на кои стојат сјајни жолти цветови со пречник од околу 25 мм. На цветот има пет венечни ливчиња на 5 зелени чашкини ливчиња кои пожолтуваат штом ќе се развие растението.
На него има многубројни прашници вметнати под плодницата и цвета од мај до јули. Кај другите членови на овој род, многубројните семиња се присутни во облик на семенки.
Народниот назив „лутиче“ води потекло од фактот што тие знаат да предизвикаат „луто“ чувство на кожата. При ракување со лутичињата треба да се биде претпазлив, бидејќи тие во себе ја содржат состојка ранункулин, која тогаш се разложува и создава протоанемонин, кој може да предизвика воспалувања на кожата. Токсичните материи се разложуваат со сушење, и затоа секакво ракување на суви лутичиња е безбедно.
Remove ads
Галерија
- Цвет на полско лутиче
- Расцутени лутичиња
- Илустрација на полско лутиче
- Расцветани лутичиња
Наводи
- Blanchan, Neltje (2005). Wild Flowers Worth Knowing. Проект Гутенберг.
Надворешни врски
- МИНР
Полско лутиче на Ризницата ?
Полско лутиче на Викивидовите ?
- „Полско лутиче“ — Енциклопедија на живиот свет
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads