Tool (бенд)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Tool — американска рок-група од Лос Анџелес. Основана во 1990 година, составот на групата ги вклучува вокалистот Мејнард Џејмс Кинан, гитаристот Адам Џоунс и тапанарот Дени Кери. Џастин Ченселер е басист на групата од 1995 година, заменувајќи го нивниот оригинален басист Пол Д'Амур . Tool има освоено четири Греми награди, изведено турнеи низ целиот свет и продуцирано албуми на врвот на топ листите во неколку земји.

До денес, бендот има издадено пет студиски албуми, едно ЕП и еден Бокс сет. Тие се пробиле со хеви-метал звук на нивниот прв студиски албум, Undertow (1993) и станале доминантен бенд во алтернативното метал движење со објавувањето на нивниот последователен албум Ænima (1996). Нивните напори да ја обединат музичката експериментација, визуелната уметност и пораката за лична еволуција продолжиле во Lateralus (2001) и 10.000 Days (2006), стекнувајќи критичко признание и меѓународен комерцијален успех. Нивниот последен петти студиски албум, Fear Inoculum, бил објавен на 30 август 2019 година, со широко критичко признание. По објавувањето, бендот продал над 13 милиони албуми само во САД.[1]
Поради вметнувањето на визуелна уметност од страна на Tool и долгите и сложени изданија, бендот е генерално опишан како стилистички-трансцендентен, и како дел од прогресивниот рок, психоделичниот рок и Арт рокот. Врската помеѓу бендот и денешната музичка индустрија е амбивалентен, и на моменти обележан со цензура и приватниот однос на бендот.
Remove ads
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads