Благоја Колев
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Благоја Колев (2 февруари 1930 година во Свети Николе — 15 јули 2021 ) — македонски архитект и урбанист.[1]
Remove ads
Животопис
Благоја Колев дипломирал на Архитектонскиот отсек на Техничкиот факултет во Скопје во 1955 година, а докторирал во Белград во 1981 година. Како проектант работел во Заводот за урбанизам на СРМ и во Заводот за урбанизам и архитектура на Град Скопје. Тој бил редовен професор на Архитектонскиот факултет во Скопје. Неговото творештво од областа на архитектонско-урбанистичко проектирање е богато и разновидно. Учествувал во изработката на просторно-урбанистичките планови на Скопје. Се занимавал и со издавачка дејност и со сликарство.
Позначајни остварувања:
- Дом на култура во Куманово (1974);
- Стопанска банка во Скопје (1975)
- Хотел „Панорама” во Крушево (1978);
- Објект на НИП „Нова Македонија” (1985).
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads