Петар Ангелов (ВМРО)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Петар Ангелов — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење и деец на Внатрешна македонска револуционерна организација.
Животопис
Ангелов е роден во 1895 година во преспанското село Граждано, тогаш во Османлиското Царство, денес во Грција. Во 1912 година емигрира во Америка, но се враќа при избувнувањето на Првата балканска војна и се запишува како доброволец во бугарската армија. По завршувањето на Првата светска војна учествува во создавањето на ВМРО и четник е при Илија Дигалов, а по неговата смрт во 1922 година станува преспански војвода со 16 четници [1]. Во 1924 година е во четата на Георги Поп Христов [2]. Во пролетта 1925 година ја поминува реката Вардар заедно со четите на Илија Лерински, Андон Попштерев, Тале Андонов и Наум Јосифов со курирска чета на Христо Андонов [3]. По убиството на Александар Протогеров во 1928 година е на страната на протогеровистите. Петар Ангелов е убиен во 1932 година во Хасково од приврзаници на Иван Михајлов [4][5].
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads