Map Graph

Ј.З.У Специјална болница по гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“

Ј.З.У Специјална болница по гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“ — јавна здравствена установа, специјализирана за гинекологија и акушерство во Скопје. Гинеколошката клиника во Чаир е изградена по земјотресот од 1963 година и е подарок од синдикатите на Чехословачка. Таа за првпат е пуштен во употреба на 1 август 1965 со одделенијата Акушерскиот оддел, Гинеколошкиот оддел, кујна и перална. Во 1970 е изграден нов дел кој почнал во употреба на 1 март 1972 каде почнала да се користи лабораторија, прием на пацинти за амбуланта, операционите сали, шок соба, соба за пациентите, приемот и подготовките за раѓање на пациент. Во 2010 година донесена била одлука за преименување на болницата во Мајка Тереза. На 26 јули 2013 била пуштена во употреба новата зграда која е опремена со апарати и потребните средства за работење од страна на Министерството за Здравство на Македонија.

Read article
Податотека:Лого_МТЧаир.pngПодатотека:Ginekologija_Chair,_1964.jpgПодатотека:Ginekologija_Chair,_1965.jpgПодатотека:Mk_zdr_sym.png