Бурлатица (Виничани)
археолошко наоѓалиште во МакедонијаБурлатица — археолошко наоѓалиште во велешкото село Виничани. Претставува населба од доцноантичкото време и некропола од раниот Среден век. На 2.5 - 3км источно од селото, лево од современиот пат Скопје-Гевгелија, на површина од 1.5 хектар, во нивите се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси, тегули и градежен материјал. Откриени се и делови од мермерна архитектонска пластика: капители, импости, бази и др. При копањето на каналот за наводнување, точно на местото спроти утоката на Брегалница во Вардар се откриени дваесетина ранословенски гробови со конструкција од камени плочи и со богати гробни прилози. Заштитни ископувања се вршени во 1958 година. Наодите се чуваат во Народниот музеј во Велес.
Read article
Nearby Places

Виничани
село во Општина Градско

Црква „Св. Илија“ - Виничани
црква во селото Виничани
Црква (Виничани)
археолошко наоѓалиште во Македонија
Тумба (Виничани)
археолошко наоѓалиште во Македонија
Алишовски Пат (Виничани)
археолошко наоѓалиште во Македонија
Св. Илија (Виничани)
археолошко наоѓалиште во Македонија
Дупен Камен (Виничани)
археолошко наоѓалиште во Македонија
Ѓурѓевица (Виничани)
археолошко наоѓалиште во Македонија