Map Graph

Градиште (Емирица)

археолошко наоѓалиште во Македонија

Градиште — археолошко наоѓалиште во кратовското село Емирица. Претставува доцноантичко градиште. Во пределот на Лопен, до утоката на Модра Река во Злетовица се издига низок рид со зарамнет врв на кој се зачувани остатоци од мало градиште. По површината се среќаваат делови од керамички садови, питоси и градежен материјал.

Read article