Грамадиште (Српци)
археолошко наоѓалиште во МакедонијаГрамадиште — археолошко наоѓалиште во битолското село Српци. Претставува населба од римско време. Се наоѓао во Цапарско Поле, кое се наоѓа на 1 км јужно од селото, каде се откриени остатоци од светилиште посветено на Фортуна Серапис. Со сондажните истражувања во 1971 година се откриени бронзени статуети на Серапис, Фортуна, Изида Фортуна и Херакле и монети. Во дворот на месен жител од оваа месност се чуваат повеќе мермерни сполии, меѓу кои и една мермерна ара со старогрчки натпис, прилично оштетена. Можеби овој наоѓалиштето е античкиот град Микеја — станица на патот Вија Егнација. Наодите се чуваат во селото и во Заводот и музеј во Битола.
Read article
Nearby Places

Рамна
село во Општина Битола

Српци
село во Општина Битола
Вишна (Рамна)
археолошко наоѓалиште во Македонија
Раменска Грмада
археолошко наоѓалиште во Македонија
Раменска Тумба
археолошко наоѓалиште во Македонија
Арнаутски Пат (Ротино)
археолошко наоѓалиште во Македонија

Црква „Св. Ѓорѓи“ - Српци
црква во селото Српци
Црква „Св. Ѓорѓи“ - Рамна
црква во Рамна, Битолско