Map Graph

Зелениште (Валандово)

археолошко наоѓалиште во Македонија

Зелениште — археолошко наоѓалиште во Валандово. Претставува некропола од раната антика. Наоѓалиштето лежи во дворот на здравствениот дом во градот, кога при изградбата на истиот е откриена некропола со гробови од типот циста, од обработени блокови од бигор, ориентирани во правец исток-запад. Со заштитното археолошко ископување во 1984 година, што го извршил Музејот на Македонија, се истражени 9 гроба, а голем дел е претходно уништен. Наодите се наоѓаат во споменатиот музеј.

Read article