Икона (Велмеј)
археолошко наоѓалиште во МакедонијаИкона или Блато — археолошко наоѓалиште во селото Велмеј во областа Дебрца. Претставува раносредновековна некропола. Се наоѓа на 1,2 км источно од селото, десно од меѓуселскиот пат Велмеј - Брежани, југоисточно од Кутлина. Претставува заоблена тумба, обрасната со борова шума, со зарамнето плато на чија средина стои исправена плоча од бигор со димензии од 1.75 × 0.70 × 0.20 м. На средината од плочата што е свртена кон запад има изделкан рамнокрак крст со должина и ширина од 0.23 м, а на другата, свртена кон исток, во горната половина има издлабена четвртеста ниша со димензии од 0.26 × о.22 × 0.07 см. Плочата овде е секундарно употребена, а сигурно била дел од гробна конструкција. Претпоставката е дека на тумбата всушност се протега некропола која веројатно била врзана за населбата на наоѓалиштето Кутлина.
