Map Graph

Камара (Отешево)

археолошко наоѓалиште во Македонија

Камара — археолошко наоѓалиште во преспанското село Отешево. Претставува утврдена населба од доцноантичко време. Се наоѓа во непоредната близина на хотелот „Југославија“, каде при изградбата на спортското игралиште биле откриени и делумно уништени остатоци од темели на објект, градени од камен и варов малтер, и повеќе питоси. Денес на површината се забележуваат фрагменти од керамички садови и градежен материјал.

Read article