Map Graph

Кратово (средновековно археолошко наоѓалиште)

археолошко наоѓалиште во Македонија

Кратово — археолошко наоѓалиште во градот Кратово. Претставува средновековна некропола. Во дворот на еден жител, пред Втората светска војна биле откриени гробови со камени конструкции, во кој се најдени богати прилози од злато и сребро што им припаѓале на покојници од видни семејства од XIV до XV век. Накитот е изработен во луксузни техники на филигран, ниело и емаил. Наодите се чуваат во Музејот на Македонија во Скопје.

Read article