Map Graph

Кромидишта (Велестово)

археолошко наоѓалиште во Македонија

Кромидишта — археолошко наоѓалиште во охридското село Велестово. Претставува средновековна црква и некропола. На зарамнета површина што лежи на 100 метри лево од патот Охрид-Св. Наум, на јужната падина од долината се раскопани темели од мала еднокорабна црква, и тоа од страна на диви копачи. Западно од неа се препознаваат и гробовите од некрополата.

Read article