Map Graph

Ливатчиња (Претор)

археолошко наоѓалиште во Македонија

Ливатчиња — археолошко наоѓалиште во преспанското село Претор. Претставува вила рустика од римско време. Се наоѓа на приватен имот на месен жител на источната страна на селото, каде со сондажното археолошко истражување извршено во 1972 година се откриени остатоци од објект со хипокауст, како и археолошки материјали: фрагменти од керамички садови, тегови, суспензури, тубули и друго. Наодите се чуваат во Музејската збирка во Ресен.

Read article