Map Graph

Манастириште (Раковец)

археолошко наоѓалиште во Македонија

Манастириште — археолошко наоѓалиште во велешкото село Раковец. Претставува доцноантичка населба и средновековна црква. На 1,5 км северозападно од селото на мала височинка со зарамнет врв се среќаваат делови од керамички садови, питоси, покривни ќерамиди и грамадни камења. Во средишниот дел на наоѓалиштето се гледаат остатоци од градба, според преданието, манастир. Од ова наоѓалиште потекнува една стара плоча со старогрчки натпис, сега во Музејот во Велес.

Read article