Map Graph

Параспур (Џепиште)

археолошко наоѓалиште во Македонија

Параспур — археолошко наоѓалиште во дебарското село Џепиште. Претставува населба од римско време. Се наоѓа на источната периферија на селото, во приватни ниви, каде при обработувањето на земјата биле откриени темели од објекти и керамички цевки за водовод. По површината на теренот се среќаваат фрагменти од керамички садови и многу градежен материјал.

Read article