Map Graph

Св. Ѓорѓи (Орланци)

археолошко наоѓалиште во Македонија

Св. Ѓорѓи — археолошко наоѓалиште во кичевското село Орланци. Претставува црква од средниот век. Се наоѓа во непосредната близина на селото, од неговата северна страна, каде што се издига височинката Краста. На врвот се наоѓаат остатоци од темели на објект со димензии од 4 × 5 метри, граден од делкани камења. Мештаните го сметаат за култно место и до ден-денес останала традицијата тука да се палат свеќи.

Read article