Map Graph

Св. Ѓорѓи (Подмочани)

археолошко наоѓалиште во Македонија

Св. Ѓорѓи — археолошко наоѓалиште во преспанското село Подмочани. Претставува некропола од римско време. Се наоѓа на 500 м југозападно од селото, во правецот на брегот на Преспанското Езеро, каде според кажувањата на мештаните, при изградбата на црквата „Св. Ѓорѓи“ биле откопани и уништени повеќе гробови со конструкции од камени плочи. Зачувана е надгробна стела со релјефно претставени бисти на маж и жена и коњаник, како и еден мал импост - капител.

Read article