Map Graph

Црква „Св. Архангел Михаил“ - Охрид

Свети Архангел Михаил — македонска православна црква, сместена во стариот дел на Охрид, во населбата Кошишта. Камен-темелникот е осветен и поставен во 1985 година, а била осветена на 19 септември 1988 година од страна на Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј. Проектант на црквата е архитект Тодор Паскали, а главен дарител бил Станко Диниќ од Охрид. Фрескоживописот е дело на уметникот Драган Ристески од Охрид, додека иконостасот, во резба, бил изработен од ЕМО - Охрид.

Read article