Map Graph

Чоралица (Ваташа)

археолошко наоѓалиште во Македонија

Чоралица — населба и некропола од доцноантичкото време во атарот на селото Ваташа, Македонија. Во непосредната близина на селото, од левата страна на патот за селото Моклиште се гледаат грамади од градежен камен, тегули и имбрекси, а спорадично и фрагменти од керамички садови. Во горниот дел на наоѓалиштето се откриени гробови од камени плочи - тип циста.

Read article