органски сад во кој се развива зародишот From Wikipedia, the free encyclopedia
Јајце (лат.ovum) е органска форма во која најпрвин почнува да се разбвива ембрионот. Кај повеќето птици, влекачи, инсекти, мекотели, риби, и два вида цицачи (клунести ежови и клунари) јајцето претставува зигот, кој е исфрлен од телото, па ембрионот може да се развива самостојно, надвор од телото на мајката.
Јајцето најчесто има неправилна топчест облик, со различна големина и боја на лушпата, во зависност од видот на живиот организам. Тоа настанува од оплодена женска јајцева станица, што уште се вика јајце-клетка или гамет и претставува најран облик на самостоен развој на новото живо суштество.
Според квалитетот, односно начинот на употреба јајцата во важечката европска стандардизација се класифицираат во две класи:[1]
“А“ класа (свежи јајца)
“Б“ класа (јајца наменети за индустриска преработка)
Со тежина од 1,5 килограми јајцето од ној во моментов е најголемото јајце што е познато во природата. Изумрениот вид праисториски животни, како Aepyornis и некои диносауруси, имале поголеми јајца. Птицата од видот колибри има најмало птичјо јајце, кое тежи половина грам. Јајцата што ги несат некои влекачи и повеќето риби можат да бидат и помали, а оние од инсектите и другите безрбетници се уште помали.
Според големината јајцата од птиците (обично кокошки) се класифицираат во 4 класи:
XL - многу големи (потешки од 73 г)
L - големи (63 - 73 г)
M - средни (53 - 63 г)
S - мали (полесни од 53 г)
Јајцето како мотив во книжевноста
„Приготвено јајце“ (англиски: A Cooking Egg) - песна на британскиот поет Т.С. Елиот од 1920 година.[2]
„калој и пржени јајца за вечера“ - расказ на македонскиот писател Ненад Јолдески од 2009 година.[3]