Јукатан
полуостров во Средна Америка / From Wikipedia, the free encyclopedia
Јукатан (шпански: Yucatán) — полуостров на југоистокот на Мексико кој го дели Карипското Море од Мексиканскиот Залив со северниот брег на Јукатанскиот Проток. Полуостровот е сместен источно од теснецот Тевантепек кој ја двои Средна од Северна Америка.
На полуостровот се сместени сојузните држави Јукатан, Кампече, и Кинтана Ро во Мексико, северниот дел од Белиз и департманот Петен на северот на Гватемала.