![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/2/2b/Malayo-Polynesian_mk.svg/langmk-640px-Malayo-Polynesian_mk.svg.png&w=640&q=50)
Австронезиски јазици
From Wikipedia, the free encyclopedia
Австронезиските јазици се јазично семејство на териториите на островска Југоисточна Азија и на островите во Тихиот Океан или Океанија, но има неколку јазици кои се зборуваат и во континентална Азија и Мадагаскар. Заедно со банту-јазиците, индоевропските јазици, афроазиските јазици и уралските јазици, австронезиските јазици се едни од најразвиените стари јазични семејства во светот. Прв јазичар кој ги проучил јазиците е германецот Ото Демпволф кој ги проучил јазиците преку споредбен метод. Зборот „австронезиски“ е создаден од германскиот научник Вилхелм Шмит[1], кој пак потекнува од латинскиот збор auster „јужен ветер“ и старогрчкиот збор nêsos што значи „остров“. Овој термин е поддржан и со фактот што најголем дел од јазиците се зборуваат на острови, со мали исклучоци на јазици кои се зборуваат на континентите. Добар дел од австронезиските јазици се мали, со мал број на говорници, но сепак има и јазици кои се зборуваат од десетици милиони жители. Австронезиските јазици се едни од најраспространетите јазици во светот бидејќи овие јазици се зборуваат од Мадагаскар па сè до Божиќниот Остров.
Австронезиски јазици | |
---|---|
Географска распространетост: | Југоисточна Азија, Океанија, Мадагаскар |
Класификација: | едно од големите јазични семејства во светот |
Гранки: | |
ISO 639-2 и 639-5: | map |
[[File:![]() Основни групи на малајско-полинезиски јазици: борнејско-филипински
сундаско-сулавески
централни малајско-полинезиски
јужнохалмахерски – западни ноговинејски јазици
океаниски ![]() Дел од океаниските јазици се: адмиралски и јапески
сенматијаски
западноокеаниски и средномеланезиски
темотуски
југоисточносоломонски
јужноокеаниски
микронезиски
фиџиско-полинезиски
Црните кругови во северозападните делови на Микронезија се палауски јазик и чамороски јазик. Црните кругови во поголемите зелени се папуански јазици.|300px]] |