Автоимуна болест
From Wikipedia, the free encyclopedia
Автоимуна болест е болест коjа настанува заради несоодветен имун одговор на телото против супстанци и ткива кои се нормално присутни во него. Со други зборови, имуниот систем погрешно толкува одреден дел од телото како туѓ и го напаѓа (што се нарекува автоимуност). Ова може да биде ограничено само на одредени органи (како на пример, во автоимун тироидитис), или да опфати повеќе различни органи (на пример, системски лупус еритематодес). Лекувањето на автоимуните болести е обично со имуносупресивна терапија која го намалува имуниот одговор.
Кратки факти Автоимуна болест, Специјалност ...
Автоимуна болест | |
---|---|
Специјалност | Имунологија, Ревматологија |
Затвори