Аглутинативен јазик
From Wikipedia, the free encyclopedia
Аглутинативен јазик е оној јазик кој обично ја користи аглутинацијатa: повеќето зборови се формирани со заедничко спојување на морфеми. Овој термин беше употребен од Вилхелм фон Хумболт во 1836 година, за да ги класифицира јазиците од морфолошка гледна точка. Потекнува од латинскиот глагол agglutinare што значи залепува заедно.
Јазична типологија |
---|
морфолошка типологија |
изолативен јазик |
синтетичен јазик |
полисинтетичен јазик |
флективен јазик |
аглутинативен јазик |
морфосинтаксна типологија |
морфосинтаксно порамнување |
номинативно-акузативен јазик |
ергативно-апсолутивен јазик |
поделба на ергативност |
австронезиско порамнување |
активно-статичен јазик |
тродолен јазик |
номинативно-апсолутивен јазик |
директно-спротивен јазик |
синтаксен центар |
улога тета |
збороред |
прирок-предмет |
подмет-прирок-предмет |
прирок-подмет-предмет |
прирок-предмет-подмет |
предмет-прирок |
подмет-предмет-прирок |
предмет-подмет-прирок |
предмет-прирок-подмет |
време-начин-место |
место-начин-време |
Аглутинативен јазик е форма на синтетички јазик, каде што типично секој афикс си има свое значење, и сврзаните морфеми се изразени со афикси (не при внатрешни промени на коренот на зборот, или промени во нагласокот или тонот). Дополнитено и најважно, претставките во аглутинативниот јазик не се спојуваат со други, и не ја менуваат формата кога се условени од другите.
Синтетичките јазици кои не се аглутинативни се викаат Фузионални јазици; тие понекогаш комбинираат претставки стискајќи ги заедно, честопати драматично менувајши ги во процесот, и спојувајќи неколку значења во една претставка ( на пример во шпанскиот збор comi (/ate) , наставката -i има значење на индикативен начин, активен глас, минато време, и предмет во прво лице еднина.
Зборот аглутинативен понекогаш е употребен како синоним на синтетички, иако технички не е хегов синоним. Кога зборот е употребен на овој начин вообичаено се земаат предвид фузионалните и флективните јазици. Разликата помеѓу фузионален и аглутинативен јазик честопати не е многу остра. Подобро да се мисли на овие два јазици како на завршетоци на континуум, со тоа што ќе припаѓаат или не едниот или на другиот завршеток. Во секој случај синтетичкиот јазик може да покаже аглутинативни особености во својот отворен лексикон, но не и во својот падежен систем како што се на пример: германскиот и холандскиот јазик.
Аглутинативните јазици се стремат да имаат висок процент на претставки/ морфеми по збор, и да бидат правилни. На пример, јапонскиот јазик има само два неправилни глаголи (и тоа не многу неправилни), јазикот Луганда има само еден (или два во зависност од тоа како е дефиниран терминот неправилен), турскиот има само еден, а во јазикот Quechua сите глаголи се правилни. Грегоријскиот е исклучок, не само во тоа што е високо аглутинативен (истовремено може да има и по осум морфеми по збор), но исто така има и значителен број на неправилни глаголи, кои се разликуваат по степенот на неправилност.