Андреј Колмогоров
From Wikipedia, the free encyclopedia
Андреј Николаевич Колмогоров (руски: Андрѐй Николаѐвич Колмогôоров) (25 април 1903 - 20 октомври 1987) бил руски мтатематичар и еден од најистакнатите математичари на 20. век. Имал репутација на човек со богата ерудиција. Тој е советски математичар кој имал големи достигнувања на различни научни полиња (помеѓу нив се теоријата на веројатноста, топологија, интуитивна логика, турбуленција, класична механика и сметачка сложеност).
Во 1922 година конструирал Фуријеов ред за кој добил меѓународно признание. Во 1925 година го објавил својот познат труд во интуитивната логика – Принципот на исклучива средина. Неговата пионерска работа Во врска со Аналитичките Методи на Теоријата на Веројатностa била публицирана (во Германија) во 1931 година. Во 1933 година ја публицирал Основи на Теоријата на Веројатноста, претставувајќи ги модерните основи на теорија на веројатноста како и докажувајќи ја својата репутација на еден од најдобрите експерти на ова поле. Во 1939 година бил избран за академик на СССР Академијата за Науки.Во класичниот механизам познат е по КАМ теоријата. Основач е на алгоритамската сложена теорија, често нарекувана како Колмогорова сложена теорија.
Андреј Колмогоров | ||
Роден | 25 април 1903
Тамбов, Русија | |
---|---|---|
Починал | 25 октомври 1987
Москва, Русија | |
Познат | теорија на веројатност, топологија, интуитивна логика, турбуленција, класична механика и сметачка сложеност | |
Занимање | Математичар |