Цртан филм
From Wikipedia, the free encyclopedia
Зборот цртан филм или анимиран филм има неколку значења, врз основа на неколку различни форми на ликовна уметност и илустрација.
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Кога ќе се спомне зборот цртан филм веднаш се мисли на илустрација која е исполнета со хумористични елементи. Цртаните најмногу се гледаат од страна на младата популација. Тие за нив се забавни, хумористични и возбудливи. Психолошки е докажано дека гледањето цртани филмови помага и е доста потребно во развитокот на децата. Во сегашно време цртаните од типот на Пепелашка, Снежана, Аладин се исчезнати. Со ова се подразбира дека цртаните со слична структура на приказната повеќе не постојат но и цртаните со слична или иста анимација и илустрација исто така повеќе не постојат или подобро речено повеќе не се произведуваат. Но како и да е сите цртани без разлика на анимацијата и структурата на приказната тие сепак ги имаат елементите кои го прават секој цртан филм ист а тоа се: љубовта, пријателството, чесноста, правдата и вечната борба против доброто и злото. Луѓето кои ги произведуваат цртаните се викаат илустратори и аниматори. Во сегашно време цртани произведуваат и многу големи и успешни продуцентски куќи и сега цртаните сè повеќе учествуваат на доделувањето на доста престижни холивудски награди.
Цртаните сега се произведуваат и како серијали. Јапонците користат посебна техника аниме со која прават цртани серијали кои се едни од најпознатите и едни од најдолгите. Овие јапонски цртани се препознаваат по интересните илустрации како на пример: ликовите имаат доста големи очи, чудни коси, доста долги и со многу „шпицови“, чудни бои на косите, секогаш прават чудни гримаси кога станува збор за смешна случка итн. Но без разлика овие цртани имаат постигнато голем успех низ целиот свет, а и во Македонија. Сè повеќе серијали се произведуваат насекаде низ светот, а најпознати од нив се: Дигимон, Покемон, Драгонбол и др. Покрај јапонските цртани кои се доста познати има и американски цртани кои се исто така многу познати, моментално и цртаниот Винкс кој е од Италија е многу познат и до ден-денес е еден од најгледаните.