Астероид
From Wikipedia, the free encyclopedia
Астероидите, понекогаш наречени и мали планети — небесни тела од нашиот Сончев Систем кои кружат околу Сонцето. Помали се од планетите, но поголеми се од метеороидите.
На 1 јануари 1801 година, Џузепе Пјаци открил објект за кој тој прво мислел дека е комета. Но откако точно му била одредена патеката било јасно дека тоа не е комета, туку повеќе како мала планета. Пјаци ја нарекол Церера, според Римската божица на житото. Во следните неколку години биле откриени уште три такви (Палас, Веста и Јунона). До крајот на деветнаесеттиот век биле откриено неколку стотини. До овој момент има неколку стотици илјади, а секоја година се откриваат по илјада нови.
Астероидните објекти составени од карпи и метали кои кружат околу Сонцето, но се премногу мали за да се сметаат како планети. Тие имаат големина од неколку сантиметри до над 1000 км во пречник. Некои се откриени внатре во орбитата на Земјата, а некои и зад орбитата на Плутон. Сепак главно се концентрирани во еден регион меѓу орбитите на Марс и Јупитер, наречен астероиден појас. Некои имаат орбити кои се сечат со патеката на Земјата, поради што во минатото некои од нив имаат и паднато врз неа. За тоа сè уште сведочат бројни кратери на површината на Земјата, но сепак поголемиот дел од нив ги избришала ерозијата.
Постои дебата за класификацијата на астероидите, кометите и месечините. Многу планетарни сателити по ништо не се разликуваат од обичните астероиди. Малите месечини на Марс - Демос и Фобос, дел од сателитите кај сите гасовити џинови во повеќе одлики се слични со астероидите отколку со големите сателити.