Ајхсфелд
From Wikipedia, the free encyclopedia
Ајхсфелд (германски: Eichsfeld; буквален превод: „дабово поле“) — историска област во југоисточниот дел на сојузната покраина Долна Саксонија (каде е наречена „Долен Ајхсфелд“ - Untereichsfeld) и во северозападниот дел на сојузната покраина Тирингија (каде е позната како Горен Ајхсфелд - Obereichsfeld) во јужните делови на планинскиот масив Харц. До 1803 година, Ајхсфелд со векови била дел од Архиепископијата Мајнц, што е причината за моменталната состојба на католичка енклава во преовладувачката протестантска област на северот од Германија. По Втората светска војна и поделбата на два дела на Германија во 1945 година, делот од Западна Германија станал дел од округот Дудерштат. Неколку мали размени на територии се случиле помеѓу американската и советската окупациска зона според Ванфридскиот договор.