Аџиматово

село во Општина Лозово From Wikipedia, the free encyclopedia

Аџиматовоmap

Аџиматово — село во Општина Лозово, во областа Овче Поле, во околината на градот Свети Николе.

Кратки факти
Аџиматово
Thumb
Аџиматово
Местоположба на Аџиматово во Македонија
Аџиматово на карта

Thumb

Координати 41°48′02″N 21°56′27″E
Регион Вардарски
Општина Лозово
Население53 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр.2227
Шифра на КО24041
Надм. вис.269 м. м
Аџиматово на општинската карта
Thumb

Атарот на Аџиматово во рамките на општината
Аџиматово на Ризницата
Затвори

Географија и местоположба

Населбата се наоѓа во јужниот дел на Овче Поле, и й припаѓа на Општината Лозово (поранешно име Џумајлија). Селото е рамничарско, на над- морска височина од 275 метри. Од патот Штип - Велес населбата е оддалечена 1,8 км, а од централното место Свети Николе 17,5 км.

Историја

На крајот на XIX век селото било дел од Штипската каза на Отоманското Царство.

Стопанство

Атарот зафаќа простор од 6,2 км2. Доминира обработливото земјиште на површина од 564,7 ха, на пасиштата отпаѓаат 35,2 ха, а на шумите само 4,6 ха. Селото има полјоделска функција.[2]

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948153    
1953166+8.5%
1961148−10.8%
1971151+2.0%
1981124−17.9%
ГодинаНас.±%
1991103−16.9%
199472−30.1%
200274+2.8%
202153−28.4%
Затвори

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Аџиматово имало 175 жители, сите Македонци.[3]

Според Димитар Гаџанов во 1916 година, селото имало 116 Турци.[4]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 100 Турци и 25 до 50 Македонци.[5]

Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 74 жители, сите Македонци.[6]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 53 жители, од кои 49 Македонци, 2 Албанци и 2 лица без податоци.[7]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 175 153 166 148 151 124 103 72 74 53
Затвори
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]

Родови

Според истражувањата од 1956 година, родови во селото

Турски

  • Доселеници: Фазлиовци (2 к.), Исмаил Максут (1 к.) и Коџа Елмас (1 к.) остаток од некогашните побројни турски родови. Но во поново време и тие се иселени од селото.

Македонски

Албански

  • Доселеници: Лиман (1 к.), Ислам (1 к.) и Дине (1 к.) доселени се во 1954 година од Косово.[12]

Самоуправа и политика

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 1705 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на приватен објект.[13]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 48 гласачи.[14]

Културни и природни знаменитости

Археолошки наоѓалишта

Иселеништво

Од 1912 до 1958 година од селото се иселени 33 турски семејства. Они припаѓале на родовите Алиловци и Ѓулалиловци, во 1956 целосно иселени, и од родот Фазлиевци. После истражувањата вршени во селото се иселиле и другите Турци. Така денес во селото нема Турци. Потомците на иселените Турци се наоѓаат во Измир, и во населеното место Дургут, во близина на Измир.

Од старите Македонци во селото се знае за иселените Глигорови, во 1927/28 година се иселиле во Ерџелија.[12]

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Wikiwand in your browser!

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.

Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.