Баба (планина)
планина во Македонија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Баба или Баба Планина — планина во југозападниот дел на Република Македонија, со највисокиот врв Пелистер (2.601 м), сместена неколку километри западно од Битола.
Баба | |
---|---|
Пелистер | |
Поглед кон планината Баба и врвот Пелистер од Ластојчин Камен | |
Највисока точка | |
Надм. вис. | 2.601 м [1] |
Истакнатост | 1516 м [1] |
Заведена како | ултра |
Координати | 41°00′13″N 21°11′12″E [1] |
Друго име | Пелистер |
Географија | |
Покраина | MK |
Легендата за настанувањето на името на Баба Планина е запишана од диовчанецот Сотир Петревски „Автобиографија“ во машинопис. Преданието вели дека некогаш живеела некоја баба која имала кози, па кога изминал месецот март, бабата ги истерала козите на паша во планината, велејќи: „Циц кози на планина, прднете марту на брадина“. Март, навреден од бабата, позајмил од април три дена. Во тие три дена наврнало толку многу снег и фатил голем студ, што бабата и козите замрзнале и оттогаш планината ја завикале Баба.
Често се нарекува и Пелистер (старомакедонски: Пелистера?·и - гулаб), иако тоа е само името на нејзиниот највисок врв. Според површината која ја зафаќа (436 км2) таа е тринаесетта најголема, а според височината (Пелистер, 2.601 м) трета највисока планина во Република Македонија.
Во 1948 година, поради особените природни убавини, историското и научното значење на шумите и шумските предели на планината Баба, еден нејзин дел со површина од 12 500 хектари, е прогласен за национален парк. (погл. Национален парк "Пелистер")