Балет
уметнички вид на игра / From Wikipedia, the free encyclopedia
Балет — формализиран танц со потекло од францускиот двор, подоцна развиен во Франција и во Русија, како концертна форма на танц. Балетот е танц со висока техничка форма и сопствени изразни средства. Првенствено се изведува со придружба од класична музика. Поради својата техничка сложеност и естетска вредност, балетот се смета за најпрестижна форма на танц и поради тоа е прифатен ширум светот. Балетските претстави се кореографирани и вклучуваат мимика, глума и се придружени со музика (обично оркестарска). Првобитната форма на балетот денес се нарекува класична, а покрај тоа постојат и неокласичен и модерен балет. Зборот „балет“ потекнува од латинскиот збор ballare, што значи танцување.