Балкански јазичен сојуз
From Wikipedia, the free encyclopedia
Балкански јазичен сојуз претставува структурална и граматичка нивелација на балканските јазици, резултат од активниот соживот на балканските народи во регион без граници под исти економски и културни околности: полуномадско сточарство, заеднички пазари, мешани бракови и др. Доминацијата на грчката култура и римската администрација поставиле основа на балканскиот јазичен сојуз. Погодни услови за таков развој имало и под Византија, а процесот бил забрзан под османлиска доминација, кога христијанската вера на немуслиманско население му служела и за национална идентификација. Потребата од заемно разбирање ги довела луѓето до масовна дво- и тројазичност, што придонесло за спонтано образување на заедничка структура во разнородните балкански јазици.
Балкански јазичен сојуз | |
---|---|
Географска дистрибуција | Балкан |
Јазици |
Нивните заеднички структурни особености -балканизми (аналитичка деклинација, описна компарација, удвојување на објектот и др.) претставуваат уникатна појава. Според мерката до која е стигнат развојот на овие особености во еден балкански јазик, се суди и за степенот на неговата балканизација. Македонскиот припаѓа кон централниот круг (аромански, јужноалбански тоскиски дијалект и бугарскиот). Во јазиците од вториот круг (новогрчки, северноалбански гегски дијалект, југоисточни српски говори и европски турски) развојот на некои балкански црти е недовршен.