![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/3/35/SamuilsDeathBGhistory.jpg/640px-SamuilsDeathBGhistory.jpg&w=640&q=50)
Беласичка битка
From Wikipedia, the free encyclopedia
Беласичка битка (Битка кај Клуч) — воен судир што се случил на 29 јули 1014 г. помеѓу војските на царот Самоил и византискиот цар Василиј II. Исходот бил погубен за македонските војски и за Самоиловото Царство: голем број војници биле убиени, а останатите ослепени, со што била целосно уништена воената моќ на царството. По овој пораз, Самоил не можел да се опорави и имал срцев удар од кој починал истата година.
Беласичка битка | |||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|
![]() Смртта на Самоил, Манасиева хроника од XIV в. |
|||||||
|
|||||||
Завојувани страни | |||||||
Самуилова империја | Византиско Царство | ||||||
Команданти и водачи | |||||||
Самоил Гаврило Радомир | Василиј II Никифор Ксифиј Теофилакт Вотанијат † |
||||||
Сила | |||||||
~ 20.000 | непознато | ||||||
Жртви и загуби | |||||||
најмалку 15.000 | light |
До 1014 година, византискиот цар Василиј II секоја година навлегувал во териториите на Самоиловото Царство и напаѓал. Самоил сфатил дека не може со него да влезе во директен и отворен судир, посебно што веќе бил притиснат од сите страни, па решил да му го спречи влегувањето со прецизно изградени ровови. Знаејќи дека византискиот владетел влегува низ клисурите Кимба Лонга и Клидион,[1] ги обградил и затворил со кули.
Кога царот Василиј стигнал до тие клисури, војниците на Самоил храбро нападнале. При тоа Самоил решил да стави сè на коцка и го испратил Несторица, еден од највлијателните големци од тоа време, со војска кон Солун, со цел да отворат два фронта и да ја поделат војската на Византијците. Но, тука веќе подготвен чекал војсководецот на Василиј, Теофилакт Вотанијат, кој ја разбил војската на Несторица.[2] Вотанијат, всушност, гонејќи ги Самоиловите војници, стигнал до клисурата Клидион, ја преминал планината Беласица и ги изненадил утврдените војници на Самоил од зад грб.[3][4][5]
Самоиловите војници не очекувајќи напад, се исплашиле и почнале да бегаат. Притоа многу војници загинале, а уште повеќе биле заробени. Самиот Самоил одвај ја избегнал опасноста да биде заробен, благодарение на синот Гавраил Радомир, кој храбро ги одбивал нападите, го качил татка си на коњ и го одвел во тврдината Прилеп.[6] Битката на Беласица претставува решавачка битка меѓу меѓу Византија и самуиловата држава во која била решена судбината на средновековната македонска држава.Битката се одиграла на 29 јули 1014 г.Завршила со пораз на македонската војска и со заробување на 14000 до 15000 македонски војници кои биле ослепени по наредба на византискиот цар Василиј II.Откако царот Самоил ги видел своите ослепени војници починал од срцев удар.Тоа претставувало почеток на крајот на Самоиловата држава која постоела од 969 до 1018 г. и е позната како Самоилово царство бидејќи Самоил останал единствен владетел по смртта на неговите браќа Давид,Мојсеј и Арон.Центар на самоиловата држава била Македонија со главен град најпрвин Преспа. Подоцна државата ги проширила своите граници и во нејзинот состав влегле Бугарија, делови од Грција односно Тесалија и Епир, потоа Албанија,Рашка, Дукља и Босна.Самуил бил прогласен за цар измеѓу 996 и 1000 г. од страна на папата Григориј V.Наскоро византискиот цар Василиј II започнал офанзива за ликвидирање на самоиловата држава.Во 1000 година била заземена Сердика односно Софија.„Ова што е стечено за тоа царството беше од неизмерна вредност,зошто Црно Море сега беше ослободено од бугарските заседи и е повратено општењето меѓу Цариград и Подунавјето, а Тракија беше обезбедена од страна на балканот“. Во периодот од 1001 до 1004 г. биле заземени:Колидрон,Сервија,Воден,Бер и Видин, .„Со тоа беше завршен четиригодишниот поход на Василиј против Самуил,кој избегал пред византискиот цар и овој завладеал со многубројните тврдини,од кои некои разурнал, а некои задржал за себе“. Во 1005 год. и Драч му ја откажал својата лојалност на Самоил.Така територијата на самуиловата држава многу се намалила.Сепак решавачката битка се одиграла како што споменавме на 29 јули 1014 г. кај Беласица.