Беси Смит
американска блуз-пејачка / From Wikipedia, the free encyclopedia
Беси Смит (Bessie Smith) Чатануга, 15 април 1894 — Кларксдејл, 26 септември 1937) била американска блуз и џез пејачка.
Била најпопуларниа, а по многумина и најдобра блуз пејачка во 1920-те и 1930-те години.
Заедно со Луис Армстронг имала големо влијание на новите генерации на блуз пејачи, а во нејзината кариера и помогнала една од најстариите блуз пеjачки, Ма Рејни.
На врвот од славата (околу 1923 — 1933), продала два милиона плочи. Во 1926 година снимила филм Сент Луис блуз.
Настрадала во автомобилска несреќа, поради недостаток на крв. Причина за смрта било тоа што не сакале да ја примат во блиската болница за бели луѓе. Американскиот драматичар Едвард Олби по нејзината смрт напишал драма Смртта на Беси Смит.