Битлси
From Wikipedia, the free encyclopedia
Битлсите (англиски: The Beatles) — поп и рок-група од Ливерпул, Англија, формирани во 1960. година. Примарно составени во текот на нивната кариера од Џон Ленон (ритам гитара, вокали), Пол Мекартни (бас гитара, вокали), Џорџ Харисон (водечка гитара, вокали) и Ринго Стар (тапани, вокали), Битлсите се познати за водењето на музичката „британска инвазија“ во Соединетите Држави во средината на 60-те години од XX век. Иако нивниот музички стил зема корени од рокенролот на 50-те години, групата истражува голем број на жанрови, од тин пен ели до психоделичен рок. Нивната облека, стиловите и ставовите ги направија тренд-сетери, додека нивнита социјална свесност влијаеше врз социјалните и културните револуции во 60-те. Откако бендот се распадна во 1970., сите четири члена продолжија со соло кариери.
Животописни податоци | |
---|---|
Потекло | Ливерпул, Англија |
Жанрови | Поп, рок и мн. други[1] |
Период на активност | 1960–1970, 1994–1995 |
Издавачи | Parlophone Records, Capitol Records, Odeon Records, Apple Records, Vee-Jay Records, Polydor Records, Swan Records, Tollie Records, United Artists Records |
Соработници | The Quarrymen, Plastic Ono Band, The Dirty Mac, Wings, Traveling Wilburys, Rory Storm and the Hurricanes, Ringo Starr All-Starr Band |
Мреж. место | www.beatles.com |
Членови | |
Џон Ленон Пол Мекартни Џорџ Харисон Ринго Стар | |
Поранешни членови | |
Стјуарт Сатклиф Пит Бест |
Битлсите се комерцијално најуспешните и критички најпризнатите бендови во историјата на популарната музика, продавајќи над билион албуми интернационално.[2] Во Обединетото Кралство, Битлсите продале повеќе од 40 различни синглови и албуми кои стигнале до број еден на британската топ листа; единствени во историјата на листата со 15 различни број еден албуми. Нивниот комерцијален успех е повторен во многу други држави; нивната продуцентска куќа, EMI, проценила дека до 1985 продала над една милијарда снимки низ целиот свет.[3] Во САД, Битлсите продале повеќе албуми од било кој друг бенд.[4] Во 2004, Rolling Stone магазинот ги рангирал Битлсите како број еден на својата список на 100. најголеми изведувачи на сите времињаАрхивирано на 10 август 2007 г..[5] Според истиот магазин, иновативната музика и културното влијание на Битлсите помогнало да се дефинираат 1960-те, а нивното влијание на поп културата е видно и до денес. Во 2008, Billboard магазинот за својот педесетти јубилеј издал список на најпродавани уметници; Битлсите повторно стигнале до број 1.[6] Во 1969 година, членовите на групата го добиле Орденот на Британската Империја, но четири години подоцна, Ленон го вратил орденот, наведувајќи неколку причини: вмешаноста на Британија во војната во Нигерија, поддршката што Британија ѝ ја давла на САД во војната во Виетнам и лошиот комерцијален успех на неговата песна „Студена мисирка“ (Cold Turkey).[7]