Британска Империја
From Wikipedia, the free encyclopedia
Британската Империја (на англиски: British Empire) опфаќала доминиони, колонии, управи и други колонии кои биле под власт на Обединетото Кралство. Настанало од прекуморските колонии и трговските места кои ги развила Англија во доцните години од 16 и 17 век.
Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. |
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Британска Империја |
||||||
---|---|---|---|---|---|---|
|
||||||
Делови од светот што некогаш припаѓале на Британската Империја. Денешните британски прекуморски територии се потцртани со црвено.
|
Во своите најдобри времиња Британската Империја била најголемата империја во историјата и била најголема светска сила повеќе од еден век. До 1922 година во Британската Империја живееле 458 милиони жители, една четвртина од светското население во тоа време, и зафаќала повеќе од 33, 700,000 km2, скоро една четвртина од целосната копнена површина на Земјата. Како резултат од ова се јавува широката распространетост на нејзиниот јазик и политичкото и културно наследство. Во времето кога Британската Империја била најмоќна, често се велело дека „Сонцето никогаш не заоѓа над Британската Империја“ (The sun never sets on the British Empire), бидејќи имало толку многу територии кои биле под нејзино владеење, па на некоја од нив секогаш било сончево.
За време на ерата на откритијата во 15 и 16 век, Португалија и Шпанија ги започнале европските истражувања на светот и во текот на тој процес основале големи прекуморски империи. Англија, Франција и Холандија им завидувале на овие империи бидејќи биле многу богати и затоа започнале да основаат свои колонии и трговски мрежи во Америка и Азија. Во 17 и 18 век, Англија водела низа војни со Холандија и Франција кои (Британија по Актот на Унијата со Шкотска од 1707 година) ја направиле Англија доминантна колониска моќ во Северна Америка и Индија. Губењето на Тринаесетте Колонии во Северна Америка во 1783 година, по војната за независност, ја лишило Британија од една од нејзините најстари и најнаселени колонии. Вниманието на Британија наскоро се насочило кон Африка, Азија и Тихиот Океан. По поразот на Наполеонска Франција во 1815 година, за Британија настапила скоро неприкосновена доминација која траела еден век и таа го проширила своето кралско влијание низ целиот свет. Значителен степен на автономија добиле нејзините колонии кои биле населени од белци, а некои од нив биле трансформирани во доминиони.
Растот на Германија и на Соединетите Американски Држави, до 19-тот век, го намалиле економското влијание на Британија. Како последица од тоа воените и економски тензии помеѓу Британија и Германија се претвориле во една од најголемите причини за Првата светска војна, за време на која Британија во голема мера се потпрела на својата империја. Конфликтот ѝ предизвикал на Британија големи финансиски тешкотии и иако Британија своето најголемо територијално проширување го постигнала непосредно по војната, сепак повеќе не била најголема економска и воена сила. За време на Втората светска војна британските колонии во Југоисточна Азија биле окупирани од страна на Јапонија, со што британскиот престиж бил нарушен и се забрзал падот на империјата, и покрај победата на Британија и нејзините острови. Индија, највредната и најнаселената колонија на Британија добила независност две години по завршувањето на војната.
По крајот на Втората светска војна, како дел од големо деколонизациско движење водено од страна на големите европски сили повеќето територии на Британската Империја добиле независност, што завршило со предавањето на Хонгконг на Народна Република Кина во 1997 година. Четиринаесет територии останале под Британска власт- Британските прекуморски територии. По независноста, многу поранешни британски територии се приклучиле кон Комонвелтот на нациите- слободно здружение на независни држави. 16 нации на Комонвелтот имале заеднички водач - Кралицата Елизабета II.