From Wikipedia, the free encyclopedia
Вавилонска/Бабилонска кула (хебрејски: מִגְדַּל בָּבֶל) — претставува мит кој објаснува зошто луѓето во светот зборуваат различни јазици[1][2][3][4]. Кулата исто така е поврзана и со изградбата на градот Вавилон, каде се наоѓала кулата.
Вавилонска кула | |
---|---|
Вавилонска кула од Питер Бројгел Постариот | |
Општи податоци | |
Град | Вавилон |
Земја | денешен Ирак |
Според Библијата по Потопот[5], човечкото општество го претставувало еден народ, кој говорел на еден јазик. Од исток народот се насочил кон земјата Шинар (на долниот тек на Тигар и Еуфрат), и го изградиле градот (Вавилон) и една висока кула до небото „за да си создадаат свое име“. Градбата на кулата била прекратена од страна на Бог, кој го „помешал“ јазикот на народот, поради кое тие престанале да се разбираат еден помеѓу друг. Народот на Вавилон не можел да продолжи со изградбата на кулата бидејќи се распрснале по целата земја што дотогаш ја познавале. Така историјата за Вавилонската кула ја објаснува појавата на различните јазици по Потопот.
Овие податоци датираат околу 2 000 години п.н.е.. Самата градба има многубројни митолошки паралели.
Многу иследувачи легендата за градбата на Вавилонската кула ја поврзуваат со изградбата на храмови-кули во овој регион. Кулите се исто така нарекувани и зикурати. Врвовите на самите кули служеле за религиозни обреди како и за астрономски истражувања. Вавилонската кула претставува највисокиот зикурат (91 метри), кој се наоѓал во Вавилон. Кулата се нарекувала Етеменанки односно „дом, помеѓу небото и земјата“. Асирскиот цар Синахериб во 689 година п.н.е. го преземал Вавилон и Етеменанки започнал да се руши. Зикуратот бил повторно обновен во времето на Навуходоносор II[6][7]. По уништувањето на Јудеја, евреите се преселиле во Вавилон. И покрај тоа што до ден денеска не е докажано, се смета дека самите евреи учествувале во градбата на Вавилонската кула.
Самата градба на Вавилонската кула е поврзано со негативниот однос на евреите кон Вавилон како и тогашното гледиште на населението на Вавилон за што е можно повеќе доближување до Бог. Градот во текот на столетијата бил политички и воен противник на јудаизмот. Во Библијата, Вавилон станал симбол на гревот.
Зградата на Европскиот парламент е поврзана со формата на неизградената вавилонска кула. Многу христијани овој факт го гледаат кон стремежот на Европејците кон бунт со Бога. ЕУ исто така многу често се поврзува со Вавилонската кула поради постоењето на многу службени јазици (23 од 1 јануари 2007), со кое дополнително се создаваат проблеми во комуникацијата.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.