From Wikipedia, the free encyclopedia
Валхала во нордиската митологија е живеалиште на војници загинати во борба. Поимот Валхала се јавува уште во викиншките времиња, но сепак е понова појава во однос на старите верувања, по кои сите загинати одат во подземјето.
Избраните од Один, пола од тие што загинале во борба, ќе заминат за Валхала по смртта водени од валкирите, додека другата половина ќе одат во Фолквангр, кај божицата Фреја. Во Валхала, загинатите се придружуваат во масите на тие што загинале во борба познати како Еинхерјар, како и на бројните легендарни германски херои и кралеви, коишто се подготвуваат да му помогнат на Один во текот на настаните од Рагнарок. Пред холот има златно дрво, Гласир, а таванот е украсен со златни штитови. Различни суштества живеат околу Валхала, како што е еленот Еикпирнир и козата Хеидрун, двете се опишани како да стојат на врвот на Валхала.
Валхала е спомената во „Поетската еда“, создадена во 13 век од претходни традиционални извори, „Прозата еда“ (напишана во 13 век од Снори Стурлусон), „Хеимскрингла“ (исто така напишана во 13 век од Снорри Стурлусон) и во строфата од анонимната поема од 10 век, во која се опева смртта на Ерик Блодаксе, познат како Еирксмал. Валхала има вдахнато разни уметнички дела, наслови и елементи од популарната култура, и станала синоним на боречката сала на избраните мртви.
„Валхала“ на Ризницата ? |
Оваа статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.