Вајтова класификација
From Wikipedia, the free encyclopedia
Вајтовиот систем на ознаки (Whyte) е класификација на парни локомотиви според тркалата, создаден од Фредерик Метван Вајт (Frederick Methvan Whyte) кој се применува на почетокот на XX век. Вајтовиот систем се заснова на бројот на влечните тркала, кој станува заеднички модел за конвенционални парни локомотиви.
Според тоа локомотива со две водечки осовини (четири тркала) напред, потоа три погонски осовини (шест тркала) и следбеникот со една влечена помошна осовина (две тркала) се класифицира како 4-6-2.
Друг систем како УИЦ (UIC - Union Internationale des Chemins de fer) класификација (UIC classification) е француски систем за парни локомотиви кој ги брои осовините.
Додатокот на наставката „Т“ често се употребува да го означи резервоарот (танкот) на локомотивата; во други околности тендерот - прислужникот?? е погрешен. Британската пракса понекогаш го означува како тип на танкот на локомотивата.
Тоа значи дека наставката Т означува страничен танк (резервоари од двете страни), ST (СТ) седласт танк (резервоар над котелот), PT (ПТ) корпест танк (странично по должината на котелот), WT (ВТ) под самиот котел. И конечно пред наставката Т додадено + (+Т) означува дека танкот (резервоарот) на локомотивата е додаток за јаглен или вода.