Византиски календар
From Wikipedia, the free encyclopedia
Византискиот календар бил во официјална употреба во Византија (односно во Источна Римското Царство) од 988 година кога владеел Василиј II, сѐ до падот на империјата во 1453 година. Овој календар се користел и во земјите кои биле во византиската сфера на влијание.
Календарот бил идентична на јулијанскиот календар, со таа разлика што називите на месецте биле преведени од латински на грчки. Првиот ден од годината бил 1 септември, а за почетна година се сметала 5509 (или 5508) година пред новата ера - односно кога според Библијата бил создаден светот. Значи за да преминеме од современиот календар во византискиот на тековната година треба да додадеме 5508, а за деновите од 1 јануари до 31 август и 5509 за останатите денови од годината.