Википедија:Мртви врски
From Wikipedia, the free encyclopedia
Како и највеќето големи мрежни места, Википедија страда од појавата наречена изумирање на врски (анг. link rot, букв. „скапување на врски“) каде надворешните врски стануваат мртви поради исчезнување на дадената страница или цело мрежно место, измена на содржинатa, или преместување без HTML-пренасочување. Ова претставува значајна закана по меродавноста на Википедија и нејзиното начело за наведување на извори.
Најважното од страницава: Чекори што може да се преземат за намалување или поправка на мртви надворешни врски. |
Како општо правило, не бришете ја наведената информација само бидејќи врската повеќе не работи. Имаме на располагање алатки, процедури и постапки опишани во овој документ.