Помош:Пренасочување
From Wikipedia, the free encyclopedia
Пренасочување е страница на Википедија која почнува со:
Ова е страница за помош на македонската Википедија. Ова не е енциклопедиска содржина. Видете Помош:Содржина за индекс на сите страници за помош, или оставете прашање на Селската чешма каде што можете да добивате одговори. |
|
#ПРЕНАСОЧУВАЊЕ [[Статија]]
каде што Статија е целната страница. Пренасочувањето не е статија, туку го носи читателот до одредена статија, обично од алтернативен наслов.
На пример, ако внесете „САД“ во кутијата за пребарување, или ако направете вики-врска: САД, ќе бидете однесени до страницата Соединети Американски Држави, но со забелешка на врвот од страницата: „(пренасочено од САД)“. Статијата САД не содржи друга содржина освен овој ред код:
#ПРЕНАСОЧУВАЊЕ [[Соединети Американски Држави]]
Ова можете да го проверите овде.